Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез вечерва против мексиканскиот клуб Леон ќе дебитира за Барселона.
Суарез успеа да одработи само два тренинга со првиот тим на Барселона, откако претходно Спортскиот арбитражен суд го дозволи тоа, а веќе конкурира за настап против Леон вечерва, најави тренерот Луис Енрике.
– Ќе добие минутажа. Во само два тренинга тој покажа колку е неверојатно талентиран. Тој е играчот кој што го баравме, изјави Енрике, а пренесува Гоал.
Барселона вечерва ја очекува пријателски меч против мексиканскиот Леон за трофеј „Жоан Гампер“. Енрике не сака да открие кој ќе застане на голот, Тер Штеген, Браво или Масип.
Инаку Барселона и минатата година го освои трофејот „Жоан Гампер“ откако го совлада Сантос со 8:0. Дуелот Барселона-Леон започнува во 20:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.