Рустикална куќа во сицилијанско село на ритче, некогаш дом на селанец и неговото магаре, се продава за само едно евро. Сместени недалеку од паркот на природата и планината Мадоние, околу 120 километри југоисточно од Палермо, куќите наменети за продажба се распростанети насекаде по локалитетот Ганги. Напуштени од сопствениците кои емигрирале во дваесеттите години од минатиот век, скриваат вредности на плочи од 18-от век, стари шпорети на дрва или тавани со греди, сите со прекрасен поглед.
Дваесетина куќи се продаваат по едно евро, додека останатите 300 вредат помеѓу пет и 15 илјади евра. Иницијативата ја покрена селото со цел да се заштити деценискиот демографски пад и да се заживее економијата.
-По цена за оваа куќа во Австралија не можете да купите ниту паркинг место“, вели австралискиот режисер Доминик Ален (33), еден од бројните потенцијални купувачи во потрага за поволна куќа или штала која би ја претворил во летно престојувалиште.
Околу 9.000 жители на Ганги емигрирале во Аргентина и САД во дваесеттите години и по Втората светска војна, бегајќи од сиромаштија, болести и беззаконие.
Купувачите мораат на општината да и дадат капар од 5.000 евра како гаранција дека ќе ја реновираат куќата во рок од три години. Проценетиот трошок за реновирањето изнесува околу 20.000 евра, под услов да не треба да се менува покривот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.