Со раководството на СВР Скопје разговарале околу состојбите во сообраќајот и ги сумирале резултатите од проектот кој беше промовиран на крајот на јули 2014 година.
Целта на пректот „Пријавете сообраќајна контрола“ е поголема соработка помеѓу граѓаните и полицијата како и подобрување на сообраќајот.
-Правата констатација во однос на имплементацијата на овој проект е дека проектот одлично функционира. Граѓаните се однесуваат многу совесно, во смисла на пројавување на оние состојби кои навистина претставуваат проблем во одредени подрачја. Можам да кажам дека од промоцијата на проектот до нас се пристигнати 120 предлози од граѓани и при тоа се изречени 115 покани за наплата на глоба, 68 платни налози, 9 предупредувања, 2 возила се подигнати со пајак и едно возило е исклучено од сообраќај – истакна Јанкулоска.
Ова, како што истакна таа претставува показател дека граѓаните на многу сериозен начин пристапиле, добро ги идентификувале проблемите и со брзата комуникација со Министерството за внатрешни работи соодветно било реагирано со што граѓаните повратно биле информирани.
-Јас во оваа прилика уште еднаш сакам да ги охрабрам да продолжат со ваквата зголемена, интензивна и добра комуникација со Министерството за внатрешни работи – порача Јанкулоска.
Бројот на прекршоци во сообраќајот бил згoлемен за околу 4 отсто. Во првите 6 месеци биле регистрирани 73 152 прекршоци, или 400 прекршоци во текот на еден ден.
Забележано е благо намалување на бројот на жртвите во сообраќајот во однос на минатата година. До сега биле евидентирани 1.716 сообраќајни несреќи со потешки поседици во кои загинало 71 лице. Само на територијата на Град Скопје евидентирани биле 20 жртви.
-Ова се состојби кои говорат дека сообраќајните контроли мора да продолжат со ист и зголемен интензитет бидејќи превентивното дејствување ги дава своите резултати. Меѓутоа мора да упатиме и една порака до учесниците во сообраќајот без разлика во која улога се наоѓаат дека секој од нас носи сопствена одговорност и може да биде причина за губење на човечки живот или за сообраќајна несреќа со потешки последици – порача Јанкулоска.
Министерката истакна дека поради успешноста на проектот, истиот може да има траен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи