| четврток, 6 декември 2018 |

Си ја лажирал смртта за да не се ожени

свадба
Несудената невеста останала шокирана кога дознала дека нејзиниот иден сопруг тајно боледувал од депресија и затоа се фрлил под автомобил. Меѓутоа целата приказна има поинаков крај.

Иако не замислувала дека ќе се омажи толку млада, 23-годишната Алекс Ланчестер со потекло од Британија се подготвила за свадбата со Американецот Такер Блендфорд. Но, пет месеци пред големиот ден добила повик во кој ја известиле дека нејзиниот вереник загинал во сообраќајна несреќа.

Таа останала во шок кога дознала дека нејзиниот иден сопруг тајно боледувал од депресија и затоа се фрлил под автомобил. Меѓутоа целата оваа приказна е далеку од вистината.

-Добив повик од човек кој се претстави како таткото на Такер и дека има лоши вести. Но, не звучеше како неговиот татко, туку како Такер. Не можев да дишам. Целосно нѐ уништи – вели Алекс.

Меѓутоа, нејзината болка се претворила во бес откако ѝ се јавила на неговата мајка за да дознае што точно се случило.

– Ми кажа дека Такер е добро и дека не знае за што зборувам, како и дека мисли дека сме раскинале пред неколку месеци. Ништо не знаеше за венчавката – додава Алекс, која оттогаш не разговарала во Такер и веќе не сака да слушне ништо за него.

Такер, пак, вели дека му е жал што така се однесувал.

– Нема што да се додаде. Знам дека не требаше така да ѝ кажам, но не знаев што друго да правам. Лоша личност сум. Алекс е прекрасна девојка, но се исплашив и сакав да излезам од таа врска – објаснува 23-годишниот Такер.

По целата приказна, едно е сигурно, Алекс веќе никогаш нема да му прости на Такер за стореното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top