Курдските борци „Пешмерга“ и ирачките трупи целосно ја презеле контролата врз стратегиски важната брана кај Мосул, која две недели беше освоена од сунитските џихадисти, соопштеное е денеска во Багдад. Висок воен функционер на ирачката Армија, изјави за телевизијата дека од денеска браната е целосно преземена од џихадистите.
Според неговото објаснување, целата операција била помогната од „заедничка воздушна поддршка“, но овој функционер не спомена дали имало американски воздушни напади.
Претходно, курдските сили објавија дека во нивната пресметка со исламистичките сили на Северен Ирак имале поддршка од американската воена авијација. Курдите тврдеа дека „напредуваат во борбата“ и дека имаат контрола врз дел од браната, но дека таа сѐ уште не е целосно освоена.
Исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД) која во изминатите месец и половина има освоено делови од територијата на Ирак, на својата страница на „Твитер“ тврди дека нивните припадници сѐ уште имаат контрола врз браната.
Браната на реката Тигар се наоѓа 50 километри северно од Мосул и водата од акумулацијата се користи за водоснабдување и за производство на електрична енергија. Таа е најголема во тој дел од земјата и има витално значење за населението од северен Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


