| четврток, 6 декември 2018 |

Матрикс соиграч на Кралот во Кливленд

Ветеранот Шон Мерион, популарен по прекарот Матрикс, поттпиша договор со Кливленд и в година ќе игра заедно со Леброн Џејмс во тимот.
По завршувањето на сезоната Мерион стана слободен играч откако му заврши договорот со Далас Маверикс. За него беа заинтерерисрани Индијана, Мајами и Лос Анџелес Клиперс, но тој повеќе сакаше да игра со Џејмс во тимот и се обврза да потпише договор како ветеран, заработувајќи го минимумот од тој договор.
Четирикратниот олстар има просек од 10,4 поени и 6,5 скока по натпревар и ќе биде вистинско засилување за тимот од Кливленд, кој сака по секоја цена да направи тим што ќе атакува на шампионската титула во НБА-лигата уште во првата сезона.
По Џејмс и Мерион, за тимот уште потпишаа Мајк Милер, Џејмс Џонс, а сѐ погласни се шпекулациите дека до крајот на неделата во тимот треба да пристигнат и олстар-крилото од Минесота, Кевин Лав, како и најдобриот шутер ветеранот Реј Ален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top