| четврток, 6 декември 2018 |

Москва може да воведе и забрана за увоз на странски автомобили

rusija-zastava-auto

Доколку САД и ЕУ би вовеле дополнителни санкции кон Русија, Москва би можела да ги зајакне санкциите против западните земји, а во новите мерки, покрај останатите, би спаѓала и забрана за увоз на автомобили.

Поради ситуацијата во Украина западните држави воедоа санкции кон Москва, вклучувајќи го финансискиот и енергетскиот сектор, додека на т.н. црна листа се наоѓаат поголем број руски претставници.

Според рускиот весник „Ведомости“, од вкупниот број автомобили продадени во Русија од почетокот на годинаѕа, 27 отсто пристигнале од странство, од камионите 46 проценти се од странски производители, и исто така 13 отсто автобуси.

„Ведомости“ наведува дека Русија, која ги негира обвиненијата дека ги вооружува проруските сили на истокот на Украина, би можела да воведе целосна или делумна забрана за увоз на автомобили.

– Новата забрана не би ги опфаќала странските производители на автомобили внатре во Русија. „Форд“, „Фолксваген“, „Форд-Рено“, „Тојота“ и „Хјундаи“ имаат свои постројки во Русија, наведува „Ведомости“.

Предлозите за нови мерки веќе се испратени пред рускиот претседател Владимир Путин, но се уште не е донесена никаква одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top