Резултатите од последното истражување во Италија покажуваат дека жените кои секојдневно јадат јаболки се многу позадоволни во сексот, а за тоа се заслужни полифенолите и антиоксидансите кои ја зголемуваат чувствителноста.
Дека едно јаболко дневно го чува здравјето, сигурно веќе сте слушнале, а дали знаете дека ова овошје влијае и на квалитетот на сексуалниот живот?
Тоа го покажало италијанско истражување кое опфатило 730 жени, на возраст од 18 до 43 години. Според дневната конзумација на јаболки, испитаничките се поделени во две групи. Во првата, дамите секојдневно јаделе минимум едно јаболко, понекогаш и повеќе, додека оние од другата група го внесувале повремено.
Жените кои јаделе едно до две јаболки дневно, биле многу позадоволни во сексот – покажале резултатите.
За тоа, тврдат научниците, се заслужни полифенолите и антиоксидансите од ова овошје, кои значително ја подобруваат циркулацијата на крвта во женските генитални органи, што овозможува подобра лубрикација, зголемена чувствителност и секако подобри оргазми.
Освен тоа, јаболките се богати со флавоноидот кој е сличен на женскиот хормон естрадиол, што исто така игра важна улога во сексуалното возбудување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.