
Првата мерка се однесува на еднократна неповратна парична помош од 15.500 денари која ќе биде уплатена на трансакциска сметка на највозрасниот член од семејството.
Покрај овие 15.500 денари по куќа или стан ќе биде обезбеден и дополнителен надомест за штетите врз основа на проценките на општинските комисии.
Втората мерка се однесува на обезбедување на облека и обувки на загрозените семејства преку Агенцијата за управување со конфискуван имот и цариската управа.
Третата мерка се однесува на обезбедување на покуќнина и бела техника кои ќе бидат дистрибуирани во наредните 5-6 дена.
Четвртата мерка на Владата е преку Агенцијата за нафтени деривати да обезбеди нафта на општините и армијата за расчитување на последиците од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


