Тој е образуван, на мастер студии по меѓународни односи. Тој е убав, на улица по него упадливо се вртат и мажи и жени. И тој е богат, има стан во елитинот дел на Белград.
-Ти си…- ги бираме зборовите и ја гледаме промената на неговото лице – жиголо?
– Јас сум машка курва!- ја почнува својата исповед младото момче за српски Блиц.
Се смее и ги покажува совршените заби. Исончаното избричено лице плени со својата складност, а зелените очи под високото мазно чело и црна коса искрат со животна радост.
Не запозна една заедничка пријателка, а сега се среќаваме по втор пат. Го прекинал одморот – или нему тоа му е работа? – на француската ривиера и дошол во родниот град на југот на Србија, бидејќи неговата сестра слави полнолетство.
Во работата влегол случајно, уживал во искушувањето на моќта и заведувањето на средовечни белградски госпоѓи, а нивните поклони, парфеми, гардероба, па и патувања ги прифаќал како природен израз на нивната благодарност за среќата која им ја пружа, за да еден ден реши дека неговата награда не треба да зависи од нивната дарежливост. Тогаш ја проширил понудата, почнал да работи и со мажи.
– Работам ислклучиво по препорака. Мојата најниска тарифа за ноќ, поголема е од платата на мојот татко, се смее, но очите овојпат му се сериозни. Татко му предава во едно училиште.
Потоа, како да се правда, додава дека има големи расходи, за козметика, вежбање и се останато што помага за одржување на неговиот беспрекорен изглед, па гардероба и живот на висока нога и патувања. Течно зборува англиски, германски, шпански и француски и се почесто работи во Европа. Белград е премал пазар за него.
– Уште неколку години, најмногу пет. После ќе ме мрзи да го работам ова- вели како да не сака да признае дека ќе остари. Се надева на работа во едно министерство. Таму има јаки врски, вели, би можел да почне веднаш да работи. Инаку нема илузија за моралноста на својата работа, а од грижата на совест, се брани со хумор.
– Каков хит би била мојата биографија – се смее.
Една жена го фатила мажот, јавна личност која не се симнува од ТВ екраните, во прељуба со бебиситерката. За да му прости, како што неверникот барал, поставила услов, и таа ќе спие со друг, но тој тоа мора да го гледа. Тука во приказната и нејзиниот кревет, влегува јунакот на нашата приказна.
– Кога таа пошна да се витка и вреска од задоволство, мажот се расплака и излезе од собата- раскажува со смеа. После ја кажува и поентата, таа жена и порано била негов клиент.
Раскажува дека мажите во Србија го ангажираат како пред странците би се претставиле како гејови.
– Кога ќе дознаат дека гостинот од Европа кој има пари е геј, се распаметуваат. Од невладини организации, преку политички партии, до бизнисмени, сите ме викале на вечера и нуделе на странците, ја завршува својата приказна овој млад белградски жиголо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија