Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ предупреди дека победата на премиерот Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција можеби и нема да ја намали политичката напнатост, истакнувајќи дека економските ризици остануваат.
– Предупредувавме дека одржувањето на претседателските избори нема да ги реши главните економски и институционални проблеми на Турција, поради внатрешната политичка напнатост и несигурност, кои ќе останат најмалку до наредните парламентарни избори во 2015 година, соопшти агенцијата.
„Мудис“ го посочи побавниот раст, високата инфлација и намалувањето на независноста на главни институции, како централната банка, како едни од основните предизвици пред Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


