Жителите од oхридското село Лескоец до почетокот на април идната година ќе имаат фекална канализација, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Канализацискиот систем, кој, според Јанакиески, бил едно од главните барања на населението, е во должина од 7,2 километри. Инвестиција од околу 66 милиони денари.
– Овој е еден од 20-тината проекти што во моментотот се реализираат во соработка со Европската инвестициска банка. Ова е многу значаен проект, дел од програмата на градоначалникот, подржана од Владата. Едно населено место, со речиси 5.000 жители години наназад немаше канализација. Согласно договорот со градежната компанија најдоцна до април треба целосно да завршат градежните работи и конечно Лескоец да добие канализација, рече Јанакиески, по направениот увид на градежните работи.
Соработката на општина Охрид и централната власт, според градоначалникот Никола Бакрачески, е на високо ниво, а ќе продолжи и во иднина.
– Тука нема да застанеме. Паралелно со изведување на работите за изградба на канализациска мрежа ќе се работи и на изградба на водоводната мрежа во должина од 4,4 километри, рече Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


