| четврток, 6 декември 2018 |

Украинско знаме се развиоре на полициската станица во Луганск

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Украинската војска ја зазеде полициската станица во Луганск на истокот на Украина и на објектот на станицата подигна украинско знаме, соопшти денеска портпаролот на украинскиот информативен центар за Национална безбедност и Совет за одбрана Андриј Лисенко.
– Вчера по борбата за резиденционалната област на Луганск, силите ја презедоа контролата врз полициската станица во Жовтневиј и го подигнаа украинското знаме – рече Лисенко.
Лисенко наведе дека е видено како „свежо“ руско воено вооружување од Русија влегува во Украина во последните 24 часа, вклучувајќи го ракетниот систем „Град“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top