
Најмалку десетмина странски туристи и петмина Индонезијци се водат како исчезнати, откако еден мал туристички брод потона крај источниот брег на Индонезија.
Засега од потонатиот брод се спасени само пет лица, соопшти претставник на индонезиските власти.
Инцидентот се случил во морскиот премин меѓу островите Ломбок и Комодо. Претставник на туристичката компанија која управува со потонатиот брод изјави дека најверојатно прилина за несреќета е лошото време и силната бура што го зафатила тој дел од Индонезија.
На бродот имало туристи од Велика Британија, Нов Зеланд, Франција, Германија, Шпанија и Холандија.
Ломбард е вториот индонезиски остров, по Бали, кој е најтрактивната дестинација за туристите од сите страни на светот. Секој ден на овој остров престојуваат стотици илјади туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


