| четврток, 6 декември 2018 |

Не го сакал идниот зет, па ја убил ќерка си, па себе

убиство

Чедо Јовановиќ од Источна Илиџа си ја убил со истрел од пиштол ќерката Биљана (40), а потоа се самоубил во саботата попладне, потврдено е во Центарот за јавна безбедност во Источно Сараево.

Полицијата проверува, по налог на Окружното обвинителство во Источно Сараево, кога и каде Чедо ја убил Биљана.

Според неофицијали информации, таткото отишол по ќерката да ја донесе од работа. Девојката седнала во колата, а таткото на патот кон нивната куќа испукал во неа еден куршум.

– Со мртвата ќерка на седиштето во автомобилот се паркирал во гаражата. Ја повикал другата ќерка да дојде во гаражата. Кога стигнала таа видела дека таткото си го одземал животот и телото на сестрата Биљана – кажуваат соговорниците.

Мотив за убиството е најверојатно нарушените фамилијарни односи. Чедо не се согласувал со изборот на маж на Биљана, а свадбата била закажана за 18. септември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top