Шампи0нот Мајами хит ја забележа 13. победа по ред, а нова „жртва“ беше Мемфис. Двејн Вејд ги предводеше „жешките“ до нов успех со 22 поени и 8 асистенции, а акцијата во која учествуваа тој и Леброн Џејмс, се најде во Топ-10 моменти на ноќешната програма. Бројот 1 е за Тај Лосон од Денвер, а прецизниот удар на 0.2 секунди до крај му донесе победа на неговиот тим против Оклахома. Вреди да се погледне и потегот на Кевин Дурант, тројката од пола терен надвор од баланс на Тајрека Еванс од Сакраменто и уште неколку атрактивни потези.
Резултати: Вашингтон – Њујорк 88-96, Торонто – Индијана 81-93, Бостон – Голден Стејт 94-86, Кливленд – ЛА Клиперс 89-105, Орландо – Хјустон 110-118, Бруклин – Далас 90-98, Мајами – Мемфис 98-91, Њу Орлеанс – Детроит 100-95, Сан Антонио – Сакраменто 130-102, Феникс – Атланта 92-87, Јута – Шарлот 98-68, Денвер – Оклахома 105-103.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


