| четврток, 6 декември 2018 |

Илинденското востание во леринската околија

Во исто­ри­ја­та на на­ро­ди­те по­сто­јат на­ста­ни и про­це­си кои сил­но се вре­же­ни во нив­на­та ко­ле­ктив­на ме­мо­ри­ја, врз ос­но­ва на кои по­доц­на ја те­ме­лат сво­ја­та др­жав­ност и ги гра­дат сопс­тве­ни­от иден­ти­тет, исто­ри­ја и на­ци­ја

Во слу­ча­јот со ма­ке­дон­ски­от на­род, пер­ци­пи­ра­но од де­не­шен ас­пект, по­сто­јат три клуч­ни ета­пи во не­го­во­то др­жав­но и на­ци­о­нал­но кон­сти­ту­и­ра­ње, т.е. по­ја­ва­та на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја (МРО), Ан­ти­фа­ши­стич­ка­та бор­ба во пер­и­о­дот на Вто­ра­та свет­ска вој­на ко­ја кул­ми­ни­ра­ла со Пр­во­то за­се­да­ние на АС­НОМ (1944) и стек­ну­ва­ње­то не­за­вис­ност од рам­ки­те на ју­гос­ло­вен­ска­та фе­де­ра­ци­ја со ре­фе­рен­ду­мот од 8 сеп­тем­ври 1991 го­ди­на.

Во пос­лед­на­та де­це­ни­ја од 19 век во Ма­ке­до­ни­ја се по­ја­вил нов суб­јект, кој во це­лост ги на­ру­шил про­па­ганд­ни­те пла­но­ви на бал­кан­ски­те др­жа­ви. По­ја­ва­та на МРО и неј­зи­на­та про­гра­ма и цел за соз­да­ва­ње по­себ­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва мо­же­ло да зна­чи крај на ас­пи­ра­ци­и­те и го­ле­мо­др­жав­ни­те идеи спре­ма Ма­ке­до­ни­ја. Со соз­да­ва­ње­то на МРО, ме­ѓу­себ­ни­те конф­ли­кти на две­те глав­ни др­жа­ви-пре­тен­ден­ти за те­ри­то­ри­ја­та и на­се­ле­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја ста­на­ле вто­ро­сте­пе­ни. Иде­о­ло­ги­ја­та на Ор­га­ни­за­ци­ја­та, ко­ја би­ла зас­но­ва­на на неј­зи­на­та про­гра­ма, но и раз­ви­е­на свест за сло­бо­да и ма­ке­дон­ска др­жав­ност, прет­ста­ву­ва­ле те­жок удар за на­ци­о­на­ли­стич­ки­те пла­но­ви на Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја. Бал­кан­ски­те др­жа­ви на се­кој на­чин се оби­ду­ва­ле да го спре­чат те­кот на на­ста­ни­те, но, се­пак, „Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко со ед­но по­го­ле­мо за­доц­ну­ва­ње, во сво­и­те на­по­ри за на­ци­о­нал­но ос­ло­бо­ду­ва­ње по­ми­на сли­чен пат што го изо­де­ле и дру­ги­те на­ро­ди на Бал­ка­нот ко­и­што беа под ос­ман­ли­ска до­ми­на­ци­ја“. Соз­да­де­на на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, со автох­то­нен ка­ра­ктер и жел­ба за сло­бо­да ко­ја про­из­ле­гу­ва­ла од са­мо­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние, МРО ги за­тво­ра­ла вра­ти­те на ме­га­ло­ман­ски­те пла­но­ви на вла­ди­те во Ати­на и во Со­фи­ја, па и на Бел­град. Сог­ле­ду­вај­ќи ја опас­но­ста од неј­зи­ни­от брз раз­вој, вла­де­јач­ки­те кру­го­ви во Бу­га­ри­ја и во Гр­ци­ја се оби­де­ле да ја пре­зе­мат, ди­ска­ва­ли­фи­ку­ва­ат или це­лос­но уни­штат.

Из­був­ну­ва­ње­то на Илин­де­ско­то во­ста­ние во ле­то­то 1903 го­ди­на, ка­ко кул­ми­ни­рач­ки про­цес од по­чет­на­та фа­за од раз­во­јот на МРО, пре­диз­ви­ка­ло воз­не­ми­ре­ност и па­ни­ка ка­ко во Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја, та­ка и ме­ѓу др­жа­ви­те-пре­тен­ден­ти за те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Во­о­ру­же­на­та бор­ба за до­би­ва­ње авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко пре­од­на фа­за кон соз­да­ва­ње не­за­вис­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва, би­ла це­л­та на Во­ста­ни­е­то, кое си­сте­мат­ски би­ло под­го­тве­но и из­ве­де­но од стра­на на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја.

Из­не­на­де­ност пре­диз­ви­ка­ло и ма­сов­но­то при­фа­ќа­ње на це­ли­те и иде­и­те на Ор­га­ни­за­ци­ја­та од ре­чи­си це­ло­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние.

Ма­сов­но­ста и си­ла­та на Илин­ден­ско­то во­ста­ние нај­до­бро мо­же да се за­бе­ле­жи во Би­тол­ски­от ре­во­лу­ци­о­не­рен округ, кој ја оп­фа­ќал те­ри­то­ри­ја­та на за­пад­ни­от дел од ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја. Во овој дел од по­себ­на важ­ност би­ле ле­рин­ска­та и ко­стур­ска­та око­ли­ја ка­ко нај­јуж­ни око­лии ка­де што МРО има­ла соз­да­де­но сво­ја ре­во­лу­ци­о­нер­на мре­жа, важ­ни за снаб­ду­ва­ње со оруж­је од Гр­ци­ја, но и во бор­ба­та со грч­ка­та про­па­ган­да и спо­ра­дич­ни­те оби­ди на офи­ци­јал­на Со­фи­ја, пре­ку Вр­хов­ни­от ко­ми­тет, да на­мет­не свое вли­ја­ние во овие де­ло­ви од Ма­ке­до­ни­ја.

Во­ста­ни­е­то во ле­рин­ска­та око­ли­ја поч­на­ло но­ќта на 2 август 1903 го­ди­на. За по­че­то­кот, те­кот и кра­јот на во­ста­ни­е­то во оваа око­ли­ја ќе го ко­ри­сти­ме де­ло­то на ака­де­мик Ма­нол Пан­дев­ски, „Илин­ден­ско­то во­ста­ние во Ма­ке­до­ни­ја 1903“, об­ја­ве­но во Скоп­је, во 1978 го­ди­на. По до­би­ва­ње­то на со­оп­ште­ни­е­то на Глав­ни­от штаб, ра­ко­во­ди­те­лот на око­ли­ја­та, Ѓор­ѓи Поп Хри­стов, ги со­брал ле­рин­ски­те ра­ко­во­ди­те­ли на кон­фе­рен­ци­ја во Екши­су­ли­ска­та шу-­ма. На со­би­рот, по­крај Поп Хри­стов, учес­тву­ва­ле Ми­ха­ел Че­ков, Ле­ко Це­ров­ски, Але­ксан­дар Ту­рун­џев, де­до Ичо од Ов­ча­ра­ни и не­кол­ку­ми­на цен­тро­ви вој­во­ди. Спо­ред пла­нот од овој со­бир би­ло пред­ви­де­но из­вр­шу­ва­ње ди­вер­зант­ски ак­ции на же­лез­нич­ка­та ли­ни­ја Би­то­ла – Со­лун, пре­ки­ну­ва­ње те­ле­фон­ско-те­ле­граф­ски­те жи­ци, на­пад на бе­гов­ски­те ку­ли и по­ма­ли­те во­е­ни гар­ни­зо­ни. Би­ло ре­ше­но во се­кое се­ло да се ис­пра­ти по еден од ста­ри­те чет­ни­ци за да ја пре­не­се ве­ста за по­че­ток на во­ста­ни­е­то и во­ед­но да ги ра­ко­во­ди во­о­ру­же­ни­те се­ла­ни спо­ред по­ста­ве­ни­те ин­струк­ции. За по­до­бро ра­ко­во­де­ње со ак­ци­и­те око­ли­ја­та би­ла по­де­ле­на на два по­го­ле­ми ре­о­ни: Ста­ро­не­ред­ски и Ни­џе­ски, кои, всуш­ност, го де­ле­ле ле­рин­ско­то по­ле.

Istorija101-Lerinska-cheta

Во Ста­ро­на­ред­ски­от ре­он би­ле од­го­вор­ни на­чал­ни­ци­те Ѓ. Поп Хри­стов и М. Че­ков. Во по­че­то­кот син­хро­ни­зи­ра­но би­ле пре­ки­на­ти те­ле­граф­ски­те вр­ски на ре­ла­ци­и­те Ле­рин – Не­ве­ска, Ле­рин – Со­ро­ви­че­во и Ле­рин – Би­то­ла. Се­пак, нај­важ­на ак­ци­ја во овој дел би­ла на­па­дот на же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца во с. Екши-су, ко­ја ја бра­не­ла ед­на ос­ман­ли­ска еди­ни­ца, до­де­ка во са­мо­то се­ло има­ло уште око­лу 50 вој­ни­ци. Во на­па­дот учес­тву­ва­ле око­лу 200 во­ста­ни­ци по­де­ле­ни во че­ти­ри гру­пи, кои би­ле ра­ко­во­де­ни од Поп Хри­стов, Че­ков, А. Ту­рун­џев и Те­го Ха­џи­ев. Во­ста­ни­ци­те не ус­пе­а­ле да ја за­зе­мат ста­ни­ца­та, но ја пре­ки­на­ле же­лез­нич­ка­та ли­ни­ја и на не­кол­ку ме­ста го пре­сек­ле же­лез­нич­ки­от те­ле­граф­ски ка­бел. Спо­ред спо­ме­ни­те на Поп Хри­стов са­мо не­ред­ски­от цен­тар исфр­лил око­лу 250 во­ста­ни­ци од се­ла­та: Трс­је, Ар­мен­ско, Не­вол­ја­ни, Не­ред, Ла­ген и Кра­пе­шти­на. На 4 август во­ста­ни­ци­те од овој цен­тар се су­дри­ле со ос­ман­ли­ска­та вој­ска во мес­но­ста „Пло­ча“ над с. Трс­је. По­доц­на, кон сре­ди­на­та на август, има­ло уште еден су­дир кај чиф­ли­кот „Ори­ов­ско“, по што це­ли­от пла­нин­ски те­рен за­пад­но од Ле­рин бил ос­ло­бо­ден од ос­ман­ли­ски гар­ни­зо­ни. Ка­ко пос­ле­ден ос­ман­ли­ски ба­сти­он бил гар­ни­зо­нот од 250 вој­ни­ци во мес­но­ста Биг­ла, над с. Ар­мен­ско. Овој пункт бил од иск­лу­чи­тел­но стра­те­шка важ­ност и го кон­тро­ли­рал па­тот од Дол­на Прес­па, Кор­ча и Ко­стур за Ле­рин и Би­то­ла. За да се не­у­тра­ли­зи­ра овој гар­ни­зон би­ла из­ве­де­на за­ед­нич­ка ак­ци­ја на ле­рин­ски­те и ко­стур­ски­те во­ста­ни­ци. Ак­ци­ја­та би­ла из­ве­де­на на 17 август, но пла­нот во це­лост не бил из­вр­шен по­ра­ди пре­дав­ство на одре­де­ни ли­ца од вла­шко­то се­ло Пи­со­де­ри. Па та­ка, на по­стој­ни­от гар­ни­зон му при­стиг­на­ла по­мош од Ле­рин и Ко­стур, по што се оди­гра­ла те­шка и не­рам­но­прав­на би­тка, во ко­ја учес­тву­ва­ле над 300 во­ста­ни­ци и око­лу 2 000 ос­ман­ли­ски вој­ни­ци. Иа­ко вој­нич­ки над­моќ­но, ос­ман­ли­и­те не ус­пе­а­ле да ги по­тис­нат и по­ра­зат ма­ке­дон­ски­те во­ста­ни­ци, по што се пов­лек­ле во сво­и­те ба­зи, а еден дел од вој­ска­та вра­ќај­ќи се кон Ле­рин сво­јот бес по­пат­но го исту­рил во с. Ар­мен­ско, кое це­лос­но би­ло оп­љач­ка­но и из­го­ре­но, а би­ле уби­е­ни и око­лу 130 се­ла­ни.

Во се­кој слу­чај, најб­ле­скав чин на во­ста­ни­ци­те од овој дел на Ма­ке­до­ни­ја бил осво­ју­ва­ње­то на грат­че­то Не­ве­ска на 25 август 1903 го­ди­на. Обе­ди­не­ти­те ле­рин­ски и ко­стур­ски во­ста­ни­ци, на број око­лу 600, за ре­ла­тив­но кра­ток вре­мен­ски пер­и­од го осво­и­ле грат­че­то, кое по­ра­ди ос­ман­ли­ска­та кон­тра­о­фан­зи­ва во нив­ни ра­це оста­на­ло са­мо два де­на.

Во ре­о­нот на Ни­џе, кој го за­фа­ќал це­ли­от ју­го­и­сто­чен дел од пла­ни­на­та Ниџе, во­ста­ни­е­то плам­на­ло ве­чер­та на 2 август. На­ји­стак­на­ти ра­ко­во­ди­те­ли од овој ре­он би­ле вој­во­да­та Та­не од Гор­ни­че­во, Ле­ко Це­ров­ски, Ле­ко Ба­нич­ки и дру­ги. Пр­ви­от по­се­ри­о­зен су­дир се слу­чил на 7 август 1903 го­ди­на кај с. Гор­ни­че­во. Во би­тка­та учес­тву­ва­ле 250 во­ста­ни­ци и 800 тур­ски вој­ни­ци, од кои би­ле уби­е­ни 65, до­де­ка во­ста­ни­ци­те да­ле са­мо 3 жр­тви. Во те­кот на след­ни­те де­но­ви су­ди­ри има­ло кај се­ла­та Не­о­ка­зи (10 август), Се­ку­ле­во (15 август) и во мес­но­ста „Ле­сич­ка Ре­ка“ (на 20 август).

Го­ле­ма­та офан­зи­ва на ос­ман­ли­ска­та вој­ска ко­ја поч­на­ла во вто­ра­та по­ло­ви­на на август 1903 го­ди­на не ја од­ми­на­ла ни­ту ле­рин­ска­та око­ли­ја. Че­ти­те од не­ред­ски­от ре­он ги за­тек­на во грат­че­то Не­ве­ска, кои за­ед­но со ко­стур­ски­те че­ти се пов­лек­ле во Ем­бор­ска­та Пла­ни­на. За да од­лу­чат ка­ко да дејс­тву­ва­ат во но­во­на­ста­на­та си­ту­а­ци­ја, шта­бот и ре­он­ски­те вој­во­ди одр­жа­ле со­ве­ту­ва­ње, на кое од­лу­чи­ле де­ка не­ма на­деж за под­др­шка од го­ле­ми­те си­ли и ре­ши­ле да го на­ма­лат на ми­ни­мум дејс­тву­ва­ње­то и да из­бег­ну­ва­ат по­го­ле­ми су­ди­ри со не­при­ја­те­лот. И по­крај та­ква­та од­лу­ка, во овој пер­и­од се оди­гра­ле уште не­кол­ку зна­чај­ни би­тки со ос­ман­ли­ска­та вој­ска, ка­ко во ата­рот на с. Екши-су, по­тоа кај с. Не­го­ван, над с. По­па­ди­ја, кај с. Буф, а кон кра­јот на октом­ври 1903 го­ди­на би­ла оди­гра­на пос­лед­на­та би­тка кај с. Ла­ген. Пос­ле­ди­ци­те од за­ду­шу­ва­ње­то на во­ста­ни­е­то во Ле­рин­ско би­ле ка­та­стро­фал­ни. Од 40 хри­сти­јан­ски се­ла, 12 би­ле це­лос­но или де­лум­но опо­жа­ре­ни. Нај­те­шко на­стра­да­ле се­ла­та Ар­мен­ско, Буф, Би­ту­ше, Љу­бе­ти­но, Се­ти­на и дру­ги. Та­ка, на при­мер, са­мо во се­ло­то Се­ти­на би­ле уби­е­ни 95 лу­ѓе.

Ка­ко и да е, и по­крај нес­лав­ни­от крај на Илин­ден­ско­то во­ста­ние, исто­то оди­гра­ло не­за­мен­ли­ва уло­га во по­на­та­мош­ни­от тек на на­ста­ни­те и про­це­си­те во фор­ми­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност и на­ци­ја. Или, ка­ко што по­пре­циз­но ќе се иска­же ака­де­мик Пан­дев­ски, Илин­ден го оз­на­чу­ва врв­ни­от до­стрел на ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от пат за раз­ре­шу­ва­ње на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и ја по­со­чи исто­ри­ска­та перс­пе­кти­ва во ко­ја единс­тве­но мо­же­ше да се гра­ди и из­гра­ду­ва ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност.

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 101. број на неделникот „Република“, 8.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top