
Неговиот пронаоѓач за своето откритие добил Нобелова награда во 1931 година, меѓутоа многу мал број на луѓе го знаат овој податок, со оглед на тоа што тој е скриен од јавноста.
Др. Варбург открил дека ракот е резултат на анти-физиолошкиот начин на живот.
Што значи тоа?
Анти физиолошкиот начин на живот подразбира конзумирање на храна која е закиселена како и физичка неактивност, која во телото создава кислеа средина која е слаба со кислород.
-Недостатокот на кислород и киселата средина се поврзани, ако го има едното ќе го има и другото, објаснувал Др. Варбург.
Ако имате превисоко киселост во организмот, автоматски ќе имате и помалку кислород во организмот, а ако ви нeдостасува кислород ќе имате кислеост во организмот. Или наједноставно: Киселата средина е средина без кислород.
-Ако на здрава клетка и го одземете кислородот за 35% можете да ја претворите во клетка со рак за само два дена. Сите нормални клетки имаат потреба за кислород, но клетките со тумор можат да живеат без кислород. Ова е правило без одстапки, тврдел Др. Варбург.

Тумормите ткива се кисели, а здравите се алкални
Во своето дело „Метаболизмот на туморот“, Др. Варбург објаснил како сите канцерогени облици исполнуваат два услови: крвна киселост и хипоксија (недостаток на кислород).
Тој открил дека клетките со тумор се анаеробни (не користат кислород) и дека не можат да преживеат во средина во која има висока концентреација на кислород, а можат да преживат со помош на глукоза и во средина без кислород.
Според тоа ракот не е ништо друго освен одбранбен механизам, кој нашите клетки го користат за да можат нормално да функционираат.
Киселкоста и алкалноста на организмот зависат од храната која ја внесуваме
Храната кога е внесена во организмот создава или алкалност или киселкост.
Значи, алкалноста на организмот зависи од тоа каква храна внесуваме.
Што се’ го закиселува телото:
*Рафиниран шеќер и сите негови деривати
*Сите врсти на месо
*Храна од животинско потекло
*Рафинирана сол
*Рафинирано брашно
*Леб
*Маргарин
*Кофеин
*Алкохол
*Цигари
Што го алкализира телото:
*Овошје
*Бадеми
*Интегрални житарици
*Мед
*Зелено овошје и зеленчук
*Вода
*Вежбање
Хемотерапијата не го лечи ракот, напротив ја зголемува киселоста на организмот
Хемотерапијата ја зголемува киселоста на организмот до таа мера да организмот мора да почне да ги троши резервите на кислорот во организмот, за да ја неутрализира киселоста ги жртвува минералите кои се наоѓаат во коските, забите, во ноктитие и косата.
Поради таа причина на оние кои подлежат на хемотерапија им паѓа косата, тврдел Др. Варбург
Мислење на експертите
„Сите случаеви на природна смрт не се ништо друго освен терминална точка на заситеност на организмот со киселкост.“- изјавил еден од најпризнатите хирурзи во светот, Др. Џорџ В. Крил.
„Не се важни безбројните имиња на болестите, туку факторите кои ги поврзуваат и ги соединуваат кон единствениот причинител: зголемена киселкост во телото“ Др. Теодор А. Бароди.
„Зголемената киселкост на организмот е извор на сите дегенеративни болести. Доколку дојде до пореметување на рамнотежата и организмот започне да складира киселкост и токсни во поголема мера од што може да ги излачи, тогаш се појавува болеста.“ Др. Роберт О. Јонг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


