| четврток, 6 декември 2018 |

Оџалан: Конфликтот меѓу курдите и Турција се ближи кон крајот

оџалан

Конфликтот меѓу Курдската работничка партија (ПКК) и турските власти се ближи кон својот крај, порача  курдскиот сепаратистички лидер Абдула Оџалан, во соопштение објавено по повод 30-годишнината од стартот на вооружената борба на ПКК за автономија на Курдите во Турција, на 15 август 1984 година.
– По повод 30-та годишнина од почетокот на нашата борба, сакам да порачам дека по претседателските избори на 10 август ни претстојат историски случувања – наведува Оџалан, кој се наоѓа на отслужување на доживотна затворска казна во затвор на островот Имрали во Мраморното Море.
Според Оџалан, 30-годишната војна на Курдите, благодарејќи на „клучните демократски преговори се наоѓа во фаза во која може да заврши“, бидејќи „процесот на демократски преговори има длабока историска и социјлана смисла“.
Турската Влада на Реџеп Тајип Ердоган и Оџалан во есента 2012 година започна преговори за ставање крај на вооружена борба на ПКК. Согласно договореното, во март 2013 година ПКК прогласи прекин на огнот и започна со повлекување на нејзините сили во северен Ирак.
Но, набрзо, под изговор за застој во преговирите, ПКК го запре повлекувањето, а дојде и до неколку напади на курдските борци и нивни судири со турските безбедносни сили.
За време на курдската борба за автономија во изминативе 30 години загинаа над 45.000 лица. Во Турција живеат околу 15 милиони Курди што претставуваат речиси 20 поценти од вкупното население и тие главно се сконцентрирани во југоисточниот дел на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top