| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Маркез продолжува со доминацијата

Актуелниот шампион и лидер во годинешниот шампионат во МотоГП младиот шпански моторциклист Марк Маркез повторно ќе стартува од пол-позицијата. По деветти пат оваа сезона тој се избори да стартува од првиот стартен ред на трката за големата награда на Чешка што ќе се вози утре на патеката во Брно.
Рамо до рамо со Маркез од првиот стартен ред ќе започнат двајца Италијанци, Андреа Довициозо и Марк Јаноне.
Дани Педроса го зазема петтото место, додека Хорхе Лоренцо и Валентино Роси се шестти и седми.
Маркез води во генералниот пласман со максимален број бодови 250 бидејќи досега победи на сите десет трки во МотоГП шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top