| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок инцидент по мечот ПСЖ – Бастија, Тијаго Мота со скршен нос

tijago mota

По натпреварот меѓу ПСЖ и Бастија во рамките од второто коло во француското фудбалско првенство, нервозата од теренот се пресели во соблекувалните.
Напаѓачот на Бастија Брандао со глава го удрил италијанскиот репрезентативец од редовите на ПСЖ Тијаго Мота и му го скришил носот. Во текот на мечот имаше многу физички дуели меѓу играчите, но благодарение на судијата не се случи некој посериозен старт или пак прекин на натпреварот.
Две камери ја снимиле целата ситуација, а по се изгледа бразилскиот голгетер го чека голема казна. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи повтврди што се случи и побара доживотна суспензија за Брандао.

– Ова е срамота за францускиот фудбал и еден сериозен скандал. Шансите дека е скршен носот на Мота се 90%. Му пријдов на судијата да го пријавам Брандао и се надевам дека ќе биде санкциониран. Барам доживотна суспензија за таквото однесување изјави Ал Келаифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top