Рускиот суд го осуди Константин Монастирски на осум ипол години затвор затоа што во пет наврати пробал да ја убие сопругата најмувајќи луѓе кои лажно се претставувале како професионални убијци.
Според пишувањата на весникот “Московски комсомолец”, овој 47 – годишен бизнисмен планирал да се ослободи од сопругата алкохоличарка.
Поради тоа што несакал со неа да го подели имотот, што секако ќе се случело ако се развеле, одлучил да ја убие.
Монастирски тогаш се обратил кај маж кој се претставил како професионален убиец и му дал аванс од 200.000 рубљи (4.160 евра) од вкупната договорена сума од 700.000 рубљи (14.560 евра).
Бидејќи наредните недели ништо не се случило, Монастирски почнал да врши притисок на “убиецот”, кој во меѓувреме парите од авансот ги потрошил на алкохол.
Измамникот се исплашил и го пријавил “клиентот” во полиција која веднаш ја известила сопругата. Заедно со полицијата таа го исценирала своето убиство, но Монастирски не наседнал и одлучил на убиецот да му ги даде и преостанатите 500.000 рубљи за да го убеди да го изврши ветеното. Полицајците го уапсиле во моментот на предавање на парите.
Во притворот Монастирски признал дека тоа не било прв пат, туку веќе петти обид да ја убие сопругата, но секогаш наоѓал измамници кои му земале помеѓу 100.000 и 500.000 рубљи, а потоа исчезнувале без трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца