| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската легенда Пеле се жени по трет пат

pele-apЛегендата на бразилскиот фудбал по трет пат ќе застане на „лудиот камен“. Британскиот весник „Сан“ пишува дека Пеле наскоро ќе се ожени со Марсија Сибел Аоки, со која е во врска од 2010 година. Марсија е бизнисменка, а од својот вереник е помлада 32 години.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, веќе двапати беше во брак. Со првата сопруга Розмари ги има ќерките Кели и Џенифер, како и синот Едињо, а со другата Асирија близнаците Џошуа и Селест.

Добитникот на Златната топка за животно дело има најмалку две вонбрачни деца. Со куќната помошничка ја доби ќерката Сандра, а со една новинарка ќерката Флавија.  Негивиот син Едињо е осуден на над 30 години затвор поради перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top