
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен изјави денеска дека синоќа имало „руско навлегување“ во Украина, но се воздржа да ја оквалификува како интервенција.
– Минатата ноќ видовме руско навлегување во границата на Украина. Тоа го потврдува фактот дека сме сведоци на постојаниот проток на оружје и борци од Русија во источна Украина. Тоа е јасна демонстрација за продолжување на руското учество во дестабилизација во Украина изјави тој по средба со данскиот министер за одбрана Николај Вамен.
Британски медиуми јавија дека нивни репортери биле сведоци како руски воени транспортери ја преминуваат границата со Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


