| четврток, 6 декември 2018 |

„Боко Харам“ киднапира десетици момчиња и мажи

boko haram liderПрипадници на исламистичката група „Боко Харам“ киднапираа десетици момчиња и мажи во акција во село во североисточна Нигерија. Тие со камиони ги одвеле во непознат правец, изјавија очевидци, кои успеале да побегнат.

Неколку очевидци, кои пристигнале како бегалци во градот Мајдугури, изјавија дека екстремистите убиле шестмина повозрасни мажи во нападот извршен во неделата во селото Дорон Бага, при што биле изгорени неколку куќи.

Околу 97 лица исчезнале, изјавија очевидците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top