Акцијата за приведување на двете лица од селото Грчец во рамките на „Мрежа“ беше брза, прецизна и мина без никакви инциденти. Акцијата е насочена против уличните дилери и пресекување на меѓународните канали за недозволена трговија со дрога. Од Одделот за сузбивање сериозен и организиран криминал по претходно изготвен план за реализација и обезбедни наредби од судија од претходна постапка беа изршени претреси на три локации каде беа пронајдени и одземени неколку мобилни телефони и СИМ картички со телефонски броеви кои очекуваме да бидат од корист за натамошната истрага. Не беше обезбедено едно лице од Скопје на возраст од 22 години, кое исто така е дел од криминалната група и за кое постоеше претходно распишана потерница, така што потрагата по него продолжува и натаму. МВР приведе две лица на возраст од 39 и од 50 години.
Приведеното 50 годишно лице било под сомнение како организатор на дел од криминалните активности поврзани со нелегална трговија со наркотици изминатива година. Тој според полициските евиденции има богато криминално досие и познат е како организатор и предводник на повеќе криминални групи. Според сознанијата, подолг временски период наназад е инвовлиран во недозволена трговија со дрога, а поврзан е со криминални групи од с.Грчец кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотични дроги-марихуана, кокаин и хероин, како и кривични дела од областа на насилниот криминал и одземање на моторни возила и лихварство. Против него се поднесувани кривични пријави од 1991 година за сторени кривични дела: фалсификување исправа, предизвикување на општа опасност, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, грабнување, недозволена трговија со дрога и други тешки кривични дела.
Истиот во 2006 година беше идентификуван и како организатор на „грабнувањето“ на косовскиот државјанин Љуљзум Бегај, сопственик на КОСМОТЕ ФООД Компани, кога за негово ослободување од неговото семејство беше побаран откуп во износ од 500.000 евра. Случајот беше реализиран, а против организаторот, односно сега приведениот и останатите петмина извршители, Одделот за организиран криминал поднесе крвична пријава за сторено кривично дело „грабнување“, за што му беше изречена казна затвор во траење од 10 години во отсуство.
За тоа време, според оперативните сознанија, осудениот се наоѓал во Р.Чешка кадешто се поврзал со криминали групи чии членови се македонски државјани кои организирале транспорт на наркотична дрога во Северна Бохемија-во близина на границата на Р.Чешка и СР.Германија.
На 06.12.2007 година, според информациите добиени од странски служби, судот во Братислава го казнил со казна затвор во траење од 14 години за недозволено производство и држење наркотични дроги и трговија со оружје. Во Р.Македонија во текот на 90-те години истиот е казнуван и со казна затвор во траење од по три месеци, условно за една година за сторни кривични дела неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Во последниот случај, осомничениот во рамките на акција „Мрежа“ беше поврзан со два претходно реализирани случаи во кои вкупно беа запленети околу 10 килограми марихуана со висок квалитет, од кои еден килограм беше наменет за домашниот нарко-пазар додека поголемиот дел беше наменет за продажба надвор од Македонија, за што во текот на мај годинава од ОСОСК беше поднесена кривична пријава против седум лица од кои четворица беа лишени од слобода, додека за тројца од нив беше распишана потерница. Имено на 21 и 22 мај годинава во две одвоени акции во реонот на „Кванташки пазар“ и на автопатот Скопје – Куманово на патарина Миладиновци беше извршен претрес во две возила „Mercedes–Sprinter 311 CDI“ и „BMW“ во кои што беше откриена дрогата. По поднесувањето на кривичната пријава, за сега приведените лица беше распишана потерница. Инаку во рамки на Оперативната обработка мрежа, досега се приведени стотина лица, а беа запленети околу половина тон различни наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
Приведен дилер на дрога од Тетово