
Прочуената Фернанда Грудет, позната како Мадам Клод ја „опслужувала“ светската елита со проститутки од највисока класа. Сега светлоста на денот ја здогледа списокот на нејзините најпознати муштерии, на кој се наоѓа кремот на светскиот џет-сет, од познатиот актер Марлон Брандо, па се до починатиот либијски лидер Моамер Ел Гадафи.
Како што пренесува „Дејли меил“, Мадам Клод помеѓу 1955 и 1977 година, во Париз држела еден дискретен бордел, во кој доаѓале познатите. На списокот на нејзини клиенти се наоѓале актери, амбасадори, претседатели, војводи, лордови, кралеви, бакари, бизнисмени.
Како што открил нејзиниот биограф Вилијам Стејдијем, муштерии и биле познатите актери Марлон Брандо и Рекс Херисон, основач на компанијата „Форд“, Хенри Форд, банкарот Ели Де Ротшилд, па дури и американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, кој барал девојка која личи на неговата сопруга Џеки Кенеди, но да биде сексапилна.
Меѓу муштериите бил и сликарот Марк Шагал, но и иранскиот шах, на кој секоја недела му испраќале девојки во техеран. Дуи како што тврди Стејдијем, режисерот Роже Вадим доаѓал со својата сопруга , актерката Џејн Фонда, и барал црвенокоси девојки за „тројка“.
Во 1977 година цените кај Мадам Клод се движеле од 200 фунти за попладневна забава, преку 400 фунти за вечерна дружба и до 666 фунти за цел ден, а цената за цел викенд била по договор.
Кај Мадам Клод работеле 400 девојки, а таа им земала 30 отсто од заработката, и годишно заработувала 600.000 фунти. „Лебеди“ како што ги нарекувале манекенките биле заслужни за тие пари – најсексапилните дами од тоа време, глумици во подем , модели на „Диор“, убавици од средната класа, скандинавки, професорки.
Сепак бидејќи „заборавила“ да плати данок, Мадам Клод отишла во Лос Анџелес, каде останала до 1985 година, кога се вратила во Париз каде поради даночните проблеми поминала четири месеци во затвор.
Таа продолжила со работата, па во 1992 година цените на нејзините девојки оделе и до 1.000 фунти на час. Сепак била уапсена додека врбувала една девојка, па добила пет години зад решетки.
Мадам Клод која има 91 година денес живее во Ница и се повлекла од работата. А што се однесува до нејзините „лебеди“, две девојки од нив станале познати холивудски актерки, три се омажиле за аристократи, една е сопруга на познат благородник, друга е мажена за британски индустријалец, а трета е сопруга на познат музичар. Некои од тие девојки станале топ-модели. Нивните имиња засега остануваат тајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


