| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за убиецот од Вевчани

postar ubiec vevcaniПолициската станица од Струга поднесе кривична пријава за 56-годишниот Здравко С. на кого му е одреден притвор од 30 дена.
Тој најверојатно од банални причини ги убил соселаните Владо Попески (43) и Матеј Ѓурчески (23) завчера вечерта во ресторанот „Пјаца“, сопственост на Попески.

Здравко го извадил огненото оружје, пиштол марка „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што легално го поседувал, и испукал седум куршуми кон една од масите каде што седеле четири лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top