| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Суарез првпат на тренинг со новите соиграчи од Барселона

Уругвајскиот репрезентативец Луис Сураз утрово имаше можност првпат да тренира со новите соиграчи од Барселона по трансферот од Ливерпул.
Суарез е суспендиран по инцидентот со Кјелини на Светското првенство на четири месеци без право да тренира со соиграчите од Барселона. Сепак, вчера од Арбитражниот суд за спорт во Лозана доби право да тренира со екипата сѐ до истекот на неговата казна.
На првиот тренинг денеска Суарез имаше можност да тренинра со Меси, Иниеста, Нејмар и останатите соиграчи.
Тој официјално ќе биде претставен на „Ноу камп“ во вторник кога треба да одржи и прес-конференција.

luis suarez 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top