| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Кери го смени службениот авион со цивилен

dzon keriДржавниот секретар на САД, Џон Кери, беше принуден да лета со редовен лет од Хаваите до Вашингтон поради дефект на воениот авион со која патуваше цела недела за време на неговите посети во странство. Сепак, на крајот, Кери, со голем дел од неговата делегација и новинарите кои го придружуваа на патувањата, со авион на „Јунајтед ерлајнс“ полета од Хонолулу за Вашингтон, каде што пристигна по деветчасовен лет.

Кери вчера ја завршува неговата меѓународна турнеја, во чии рамки за една недела ги посети Авганистан, Мјанмар и Австралија. Шефот на американската дипломатија на службени патувања секогаш оди со специјално опремен „боинг-757“ на Военото водухопловство на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top