
Новоизбраниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган назјави дека „најрано в четврток“, по состанокот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), ќе го соопшти името на кандидатот за нов турски премиер.
За кандидатот за премиер на 27 август на партискиот конгрес ќе се изјаснат членовите на АКП.
Инагурацијата на Ердоган ќе се одржи на 28 август, по што тој ќе поднесе оставка на местото премиер и лидер на АКП. Во согласност со турскиот Устав, претседателот мора да ги прекине врските со политичките партии.
Според конечните резултати од изборите во неделата, што Изборната комисија ги објави денеска, Ердоган освоил 51,79 отсто од гласовите, Екмеледин Ихсаноглу – 38,44, а курдскиот политичар Селахитин Демиртас – 9,76 проценти. Одѕивот на гласачите бил 74,13 отсто, што е релативно мала бројка за Турција, каде гласањето е задолжително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


