Стеф Кари, плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, имал непријатна случка за време на вечера.
Тој со својата сопруга седнал во еден ресторан на само 15 минути од нивното живеалиште. На прашањето на келнерката што ќе се напијат, Кари нарачал пиво. По овој одговор девојката што работела во ресторанот му побарала лична карта за да потврди дека Стеф Кари е полнолетен. Таа не го препознала со објаснување дека тоа е процедура и дека мора да ѝ ја покаже личната карта.
Кошаркарот не ја носел со себе, па го побарал менаџерот на ресторанот за да ја реши непријатната ситуација.
– Среќа, менаџерот ме препозна. Таа не веруваше дека имам 21 година. Тоа е комплимент – низ смеа прокоментирал Кари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


