Европската унија самата си наштети економски со тоа што воведе санкции против Русија поради Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој повика на преразгледување на оваа политика.
– Политиката на санкции што ја води Западот, односно ние, и што резултира со содветни реакции од страна на Русите, повеќе ни штети нам отколку на Русија – истакна Орбан во радиоинтервју.
– Во политиката тоа се вика самиот да се застрелаш во нога – додаде унгарскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.