Џорџ Клуни и Амал Аламудин наголемо ја подготвуваат својата свадба, а кружат шпекулации дека брзањето е предизвикано од фактот дека идната невеста е бремена, пренесува „Танјуг“.
Пред само неколку месеци, сите беа убедени дека Клуни засекогаш ќе остане најпосакуваниот холивудски ерген. Сепак, сентименталниот живот на популарниот актер од неодамна влезе во трета брзина. Не само што се сврши и е на прагот на брак со лондонската адвокатка Амал Аламудин туку наскоро може да стане и татко.Шпекулациите за наводната бременост на Амал уследија откако медиумите објавија фотографии на кои свршеницата на Клуни носи широка облека.
Фотографијата што беше објавена на TMZ, особено е „очигледна“. На неа Амал е во долг фустан под кој се наѕира заоблено стомаче.
Бременоста на Амал би можела да го објасни брзањето со кое таа и Клуни решија да се венчаат, како и нејзината одлука да ја одбие понудата на Обединетите нации да се приклучи на Комисијата на ОН за истрага во Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како Џорџ ја засака Амал – приказната за нив е како модерна бајка!
-
Бременоста навистина ѝ годи: Војвотката Кетрин насмеана до уши на хуманитарен настан
-
И воведоа рестрикции-Беквалац потврди дека е трудна!
-
Пејачката се налути за лажните вести: За мене пишувате се и сешто деценија и пол, ама ова е дегутантно