Роберт Вилсон, славниот театарски режисер, режисерката филмска ѕвезда Џим Џармуш и композиторот Фил Клајн ќе работат заедно на опера за славниот научник Никола Тесла.
Еден од копродуцентите е и Хрватско народно казалиште од Загреб.
Иако уште не се знае кога ќе биде реализиран проектот, Џармуш изјави дека премиерата се очекува наесен 2015 година или во почетокот на 2016 година. И Вилсон изјави дека е опседнат со Тесла и со неговиот живот уште од студентските денови кога почнал да се интересира за неговите идеи за електрицитетот.
Композиторот Клајн соработува со Џармуш од 80-тите години на минатиот век. Познат е по композициите во различни жанрови и контекст, од експериментална електроника, музика за театар, звучни инсталации…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.