| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ поголем стравот од инвазија – конвој руски воени возила влегле во Украина

Угледниот британски „Дејли телеграф“ во својот ексклузивен извештај тврди дека одреден број оклопни возила и воени камиони вчера вечер влегле од Русија во Украина, што е прв ваков случај што со свои очи го забележал репортер на западна медиумска куќа.

krimS1_643297S1

Во групата воени возила кои влегле на украинска теритурија новинарот на „Телеграф“ видел транспортери и камиони со приколки, а сето тоа се случило нешто пред 22 часот на еден мал граничен премин во близина на рускиот град Донецк, кој го носи истото име како и поголемиот украински град од кој е оддалечен 200 километри.

Киев и Западот веќе подолго време ја обвинуваат Москва дека преку граница им испраќа оружје на сепаратистите, заедно со муниција и друга опрема, но за сето тоа до сега ниту еден медиум не можел директно да посведочи.

Според репортерот на „Телеграф“, конвојот бил составен од најмалку 23 возила. Цела вечер биле паркирани покрај камп за избеглици во предградието на рускиот град Донецк за набрзо по заоѓањето на сонцето да тргнат преку границата. Притоа сите имале запалени светла и на ниту еден начин не се обидувале да се камуфлираат.

Ова, според весникот, не е доказ дека почнала воена инвазија, но е доказ за преминување воена опрема преку државната граница.

Истовремено, 30 километри источно, на истиот пат кој води кон украинската граница, во четвртокот сопре прилично голем руски конвој со 270 камиони за кои Русија тврди дека превезува хуманитарна помош за загрозеното цивилно население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top