| четврток, 6 декември 2018 |

Србија доби милијарда долари од Обединети Арапски Емирати

vucic_zamislen

Српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти денеска дека на Србија и е уплатена милијарда долари помош од Обединети Арапски Емирати како помош за буџетот и благодарение на тоа Србија до март нема да има проблем со ликвидноста, јави Танјуг.

Вучиќ рече дека ќе биде сторено се за да во 2015 и 2016 година да се намали трендот на задолжување на Србија.

Тој потсети дека српската Влада во претходните 110 дена зацртала големи планови и оти многу од тоа е реализирано.

– Сакаме Србија да биде поуспешна, понапредна и модерна земја. Нашата земја била и натаму е во многу тешка ситуација и поради тоа ги почнавме неопходните реформи. Донесовме закони за работа и пензиско осигурување, приватизација, но и сет медиумски закони усогласени со ЕУ и по стандардите и по принципите – рече Вучиќ.

Според него, целта на Владата е да создаде најдобра инвестициска клима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top