| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на оштетени македонски регистарски таблички во Грција

Вчера на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин.

Случајот е пријавен од страна на лицето В.Ј. од Богданци во чија сопственост е возилото со оштетените регистарски ознаки марка „БМВ“. Сопственикот на возилото пријавил дека на 13.08.2014 година во туристичкото место Неа Потидеа на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот од регистарските ознаки каде што стои кодот „МК“. Случајот не е пријавен во грчката полиција.

Со овој нов случај на оштетување на регистарски ознаки, бројката за оваа година достигна вкупно пет, а досега се регистрирани и девет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков тип со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top