| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците на АРМ помагаат во уредувањето на коритото на реката Отиња во Штип (ФОТО)

Уредувањето на коритото на реката Отиња во Штип се одвива брзо и покрај зголемувањето на температурата.

arm-stipp

Уште од раните утрински часови, дузина работници успешно го спроведуваат концептот за констуркција на речно корито од камен, поставување пешачки патеки и хортикултурно уредување.

Веќе еден месец успешно се работи на третиот дел од коритото кое се протега од мостот кај гимназијата, па сѐ до мостот кај соборниот храм „Свети Никола“. Оваа недела на работниците им се приклучија и војници од штипската касарна кои помагаат во реализација на идејата на овој клучен проект за Штип.

aarm-stip

За само еден месец, половина од третата траса е завршена. Поставена е половина од пешачката патека од двете страни, а од вчера има и клупи, така што во вечерните часови граѓаните можат и да одморат и да се рекреираат.

Секако, глобалната слика ќе биде уште поубава по финализирањето на третиот дел. Со трите уредени сегменти, запуштеното корито сега е урбанизирано и претворено во претставително место на градот.

Градежните активности се со висок квалитет имајќи предвид дека и покрај половичното завршување, речното корито го издржа на два пати притисокот на водата од дождовите. Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вели дека сега и штипјани имаат појасна перцепција за тоа како ќе изгледа коритото, тоа им се допаѓа и затоа целиот проект наидува на голема поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top