| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет дена притвор за уапсените екстремисти во Косово

косово
Специјалниот суд, на барање на специјалното обвинителство на Косово, денеска одреди 30-дневен притвор за 40 Албанци, кои се
осомничени за учество и поттикнување учество во војните во Сирија и во Ирак и поддршка за терористички организации, јави Танјуг.
Тие се уапсени во голема акција на косовската полиција, спроведена во понеделникот низ  Косово.
На првото сослушување петмина обвинети признаа дека биле во посета на Сирија, но ги отфрлија тврдењата дека учествувале во борби или биле во некоја терористичка организација.
Останатите уапсени ги отфрлија обвиненијата дека биле дел од терористички организации на Исламската држава и Ал-Нусра.
Медиумите во Приштина јавуваат дека денеска во Косово се уапсени уште две лица кои се осомничени за истите кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top