| четврток, 6 декември 2018 |

Првото клонирано куче во Британија (ФОТО)

Ова слатко куче од Велика Британија е генетички прецизна копија на домашниот миленик на една жителка од јужен Лондон.

куце-630x421

Кутрето коешто е крстено Мини-Вини е клонирано од клетките на кожата на 12-годишната Вини. Клонирањето било направено во една од лабораториите за клонирање во Јужна Кореја, пишува Дејли Мејл.

– Мини-Вини целосно е идентична на Вини, кога таа беше мало кученце. Не можам да верувам, се случи вистинско чудо – вели 29-годишната Британка.

kuc

Клонирањето чинело околу 90 илјади американски долари. Сепак, сопственичката не платила ниту пара, бидејќи всушност била победничка на конкурс за клонирањето.

-Тие се толку слични, што дури исто време минуваат во спиење и се будат во ист час наутро – истакнува за весникот сопственичката на првиот клониран пес во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top