
Денеска, на 1 март, со задоволство можам да изјавам дека победија правдата и принципите. Наспроти сите предизвици денес покажавме зрелост и со принципи се спротивставувавме на хаосот. Кога човек работи според одредени принципи и со аргументи и кога верува во тоа, тогаш решението секогаш се појавува. Македонија положи сериозен тест на зрелост, нејзините институции исто така и сакам да се заблагодарам на граѓаните за досегашната поддршка за ова во што се залагавме. Пред нас се локални избори, кои ќе бидат организирани во фер и демократска атмосфера, согласно меѓународните стандарди и ние за овие избори сме максимално подготвени со свои програми и свои кандидати и врз основа на тоа очекувам силна победа на престојните избори.
Ова е дел од обраќањето на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешниот постигнат договор со опозицијата за нивно враќање во нормалниот политички живот во земјата.
„Денеска кај претседателот на државата се постигна договор за враќање на изборите без условувања за предвремени и одложувања на локалните избори. Се избегна еден опасен преседан кој можеше да има големи реперкусии и за иднината на оваа земја. Република Македонија положи сериозен испит на зрелост на институциите и изразувам голема благодарност до граѓаните за нивната постојана поддршка за ова за што се залагаме“, рече Груевски.
Зборувајќи за претстојните избори, Груевски изјави дека неговата партија е максимално подготвена и дека очекува уште една голема победа.
„Почнуваме со кампања и со отворање на вистинските теми за решенија на проблемите на граѓаните, за нивен подобар живот. Ова се вистинските теми, а не оние со кои некои во овој период се обидуваа да ја замајуваат јавноста. Сега ви најавувам големи митинзи, голема енергија и верба во нашата идеја. Сега ќе видите што значи вистинска поддршка на народот“.
На прашања на новинарите Груевски рече дека нема договор за предвремени избори, дека нема пролонгирање на локалните избори, дека овој договор не е условен со некаков предлог за име… се се тоа шпекулации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


