| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба експлодира во студентски дом во Бања Лука

Бомба експлодира рано изутронава во комплексот на студентскиот дом „Никола Тесла“ во Бања Лука, предизикувајќи само материјални штети, соопшти денеска полицијата на Република Српска.

banja-luka500

Како што објави електронското издание на весникот „Независне новине“, бомбата експлодирала околу три часот пред едно кафуле во дворот на студентскиот дом.

Полициската истрага за настанот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top