| четврток, 6 декември 2018 |

Мирза Телетовиќ лидер во својата репрезентација во победата над Велика Британија (видео)

FYROM vs Bosnia and Herzegovina

Босанскиот кошаркарски репрезентативец Мирза Телетовиќ, кој со успех настапува за НБА-тимот Бруклин Нетс, на вчерашниот натпревар против Велика Британија во квалификациите за Европското првенство 2015 година беше најзаслужен за победата на гостински терен. Тој постигна 25 поени, шест скока и две асистенции. Телетовиќ буквално погодуваше од секоја позиција, а еден од коментарите на англиските медиуми беше дека е време играчот да биде однесен во болница на испитување. Противничките играчи во очај го следеа секој негов шут и потег. Немаа никакво решение за да го спречат во обидот да ја одведе Босна и Херцеговина до победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top