Новинар на „Билд“, пребарувајќи по архивата нашол доказ дека германската канцеларка годинава неколку пати се појавила во иста туника која ја носела и пред 18 години. Најчитаниот германски дневен весник „Билд“, кој е наклонет кон политиката на Меркел, смета дека на тој начин се потврдува дека таа е штедлива личност која со носењето иста облека ги придобива симпатиите на народот за разлика од тие што имаат по најмалку 30 пара чевли специјално дизајнирани за нив.
Ангела Меркел неколку пати била видена во иста сина туника од сатен, а колажот фотографии објавен во магазинот „Билд“ предизвика разни реакции насекаде во светот. Новинарката Дејана Риз од „Вашингтон пост“ смета дека јавноста не треба да се занимава со облеката, туку со делата и со акциите на политичарите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


