| четврток, 6 декември 2018 |

Богатинов ја маѓепса мрежата, Ермис го освои кипарскиот Суперкуп

Мартин Богатинов ја маѓепса мрежата, а Ермис го освои првиот Суперкуп на Кипар во клупската историја, со победа во кипарскиот суперкуп против фаворитот Апоел, известуваат кипарските медиуми.

„Апоел имаше неколку одлични шанси, но Богатинов беше несовладлив. Гомез, Винсент и Моран беа немоќни пред голманот на Ермис“, стои во извештајот од мечот, на спортскиот портал „24 спорт“.

Богатинов имаше вкупно 13 одбрани и беше еден од најзаслужните за титулата.

Ермис како освојувач на националниот куп му излезе храбро на мегдан на актуелниот првак Апоел и победи со 2-1. Богатинов „потклекна“ во 92. минута, но не од противнички фудбалер, туку од свој соиграч. Жарковиќ со автогол му ја затресе мрежата и израмни за ривалот на 1-1, но Ермис постигна победоносен гол за триумф од 2-1 и прв трофеј во пресметките на шампионот и освојувачот на националниот куп на Кипар.

Богатинов летово го засили Ермис и веднаш потврди дека е одлична аквизиција на клубот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top