
Српски борци што учествуваат во судирите во Украина не се никакви патриоти на руска или украинска страна, туку обични платеници, кои за убивање луѓе месечно добиваат околу 10.000 долари, пишува српски „Блиц“.
Според податоците на БИА, во граѓанската војна во Украина учествуваат не повеќе од 30 Срби. Дваесетина се борат на страната на проруските бунтовници и ветена им е плата од околу 2.000 долари неделно, додека во последните неколку дена не повеќе од десет Срби отишле да се борат на страната на украинската војска. Нивната цена е 3.000 долари неделно.
На сите нив, од септември им се заканува повеќегодишна казна затвор затоа што се очекува да биде променет законот, кој жестоко ќе санкционира учество на српски граѓани во вооружени судири во странски земји.
Во Србија немало центар за регрутација на платеници за во Украина, па платениците заминувале преку Полска, но и директно преку Москва.
– Иако станува збор за професионални платеници, српските државјани, главно, не се на првата линија на фронтот. Нив им е ветена голема сума пари, но прашање е дали ќе ги добијат. Тоа се луѓе со воено искуство. Луѓе што се обучени за ракување со оружје и сите се заминати самоиницијативно – вели за Блиц извор од БИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


