| четврток, 6 декември 2018 |

Трогателно писмо за Робин Вилијамс: Сега светот е помрачно место на живеење

robin

Трите деца на актерот Робин Вилијамс, кој си го одезе животот, објавија писмо за комичарот кому цел свет му се одушевуваше. Ова е нивната единствена реакција по смртта на Вилијамс.

Најстариот син Зак Вилијамс (31) изјави дека го загубил најдобриот татко и пријател и ги замоли сите да го паметат како нежна, мила и великодушна личност каква впрочем бил.

„Моето семејство секогаш останало дискретно за времето што го поминуваме заедно. Тоа беше нашиот начин да чуваме нешто за нас, со човекот што го делевме со целиот свет. Но сега, тоа е минато и чувствувам дека еден ден од мене повеќе не е тука. Мојот последен ден со него беше неговиот роденден и секогаш ќе бидам благодарна што моите браќа и јас можевме да минеме време со него и заедно да споделиме подароци и смеа. Тој секогаш беше топол, дури и во мрачните мигови. Иако никогаш, никогаш нема да разберам како тој што беше толку сакан не успеваше да најде доволно љубов за да остане, малку ми олеснува со мислата дека нашата загуба, делумно, ја делат милиони луѓе. Тоа не помага за да се намали болката но сепак, тоа е товар за кој многумина знаат дека го носиме во себе, и толку многу луѓе ни дозволуваат да ја намалиме болката.

Ви благодарам за тоа.  До сите оние кои испраќаат убави зборови, знам дека една од неговите омилени работи беше да ве насмее сите вас. До оние кои испраќаат лоши зборови, знам дека еден мал дел од него испраќа јато гулаби кон нивната куќа за да какаат на нивната кола. И тоа веднаш штом ја испрале. Тој обожуваше да се смее. Тато беше, е и секогаш ќе биде најдобрата, највеликодушната и најмеката душа што ја знам и ако има една работа која сигурно ја знам, една од нив е дека не само мојот свет, туку и целиот свет без него од денес е помрачен, побезбоен и недоволно полн со насмевки. Ние ќе работиме двојно повеќе за да го наполниме повторно, стои во трогателното писмо на децата на актерот кој знаеше да допре до сечија душа“ напишаа во соопштението неговите деца – Зак, Коди и Зелда Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top