Во четврток УЕФА ќе донесе одлука околу поднесената жалба од страна на Легија за исфрлувањето од баражот за Лигата на шампионите.
Легија беше вкупен победник на двомечот со Селтик, но УЕФА ја казни поради настапот на Бартош Березински кој беше суспендиран, но влезе во игра во последните неколкуминути. Раководството на полскиот тим дури упати и барање до Селтик да не го зазема местото на екипата која според нив заслужи да оди понатаму.
Березински кој минатата сезона против АПОЕЛ во Лимасол доби црвен картон и беше суспендиран три натпревари. Тој ги пропушти средбите на Легија со Сент Патрик во претходното коло и првиот меч против Селтик за во реваншот во Глазгов да влезе во игра во последните неколкуминути. Меѓутоа, УЕФА утврди дека Березански воопшто не бил регистриран за претходната рунда, така што не можел да ја издржува казната.
– На заеднички состанок со претставници на УЕФА ги изнесовме ставовите. Одлуката за жалбата ќе биде објавена за два дена. До тогаш од клубот нема да даваме никакви информации. Значи, ќе ја чекаме официјалната одлука на УЕФА па потоа ќе се произнесеме, соопштија од Легија. Доколку УЕФА не ја усвои жалбата на Легија, тогаш полскиот клуб ќе треба да игра бараж за Лига Европа, а Селтик ќе се бори за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.