| четврток, 6 декември 2018 |

Пониски продажните цени на индустриските производители

статистика

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно и за 0,7
отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во јули годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто, во групата Капитални производи и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и во групата Енергија за 0,1 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка не се променети.

Во јули годинава, во споредба со јули лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top